ВИСветот на работникот

Најбарани вештини на Upwork: Наплатуваат и до 156 евра на час

   Време за читање 2 минути

Меѓу најбараните вештини оваа година се најдоа маркетинг на социјални мрежи, сметководство и виртуелната асистенција.

Платформата за фриленсери Upwork неодамна објавила список со најбараните вештини на пазарот на труд во 2024 година на основа на заработката на фриленсерите.

За да го состават списокот, експертите на Upwork анализирале кои вештини стануваат сѐ повеќе побарувани на пазарот на труд од година во година, а кои губат на популарност, појаснила Маргарет Лилани, потпретседателка на отсекот за испорака на таленти во таа компанија за CNBC.

Меѓу најбараните вештини се нашле маркетинг на социјални мрежи, сметководство и виртуелната асистенција, а особено барана оваа година е и анализата на податоци, пренесува Poslovni dnevnik.

Инаку, аналитичарите на податоци ги проучуваат сировите податоци за работењето, вклучувајќи ги продажбата, посетеноста на мрежните страници и регулаторните ризици, па врз база на овие аспекти носат увиди за тоа како да го подобрат работењето на фирмата.

Нивната работа има големо влијание на работните процеси, рекла Вики Салеми, експертка за вработување од Monster. Таквите експерти обично имаат дипломи од областите на компјутерските науки или статистика или положен онлајн курс на некој од универзитетите, Google или Coursera.

Својата експертиза на Upwork ја наплатуваат до 156 евра на час.

Анализата на податоци е вештина која континуирано се развива, особено со развојот на вештачката интелигенција.

Иако оваа вештина на пазарот на труд не е новост, денес се сведува на „користење на вештачка интелигенција за подлабок, побрз и поширок увид“ во работењето, вели Лилани.

Најдобрите аналитичари на податоци на пазарот, поради тоа, се оние кои при извршувањето на својата работа знаат вешто да ги искористат можностите на ВИ алатките кои се „развиваат со луда брзина“, заклучила таа.

Извор: b92.net

Фото: Depositphotos/LukaFunduk