Најдено решение за исплата на договореното зголемување на платите на јавните универзитети
Зголемувањето на платите во високото образование за 10 отсто од 1 јануари годинава што го договорија Министерството за образование и СОНК пред Нова година, ќе се реализира со измени и дополнувања на Законот за исплата на платите, а не со формирање синдикати и потпишување колективни договори
На предлог на четворица пратеници, Собранието денеска ја утврди потребата од носење на измени и дополнувања на Законот за исплата на платите по скратена постапка. Предлог-измените и дополнувањата на Законот ќе овозможат да се спроведе договорот што пред крајот на минатата година го постигнаа Министерството за образование и СОНК за зголемување на платите за 10 насто, не само во основното и во средното, туку и во високото образование, пишува порталот 360степени.мк.
Целосниот текст прочитајте го тука