Занимливости

Најдобри пријатели во 1992г. се договориле доколку добие еден од нив на лотарија, да ја делат наградата: Едниот од нив доби 22 милиони долари

Најдобри пријатели во 1992г. се договориле доколку добие еден од нив на лотарија, да ја делат наградата: - Работник
86views

Вистинското пријателство не може да биде расипано поради парите

Американците Џо Фини и Том Кук се долгогодишни пријатели, но и страствени играчи на лотарија!

Во 1992 година, тие направија необичен пакт – дека ако некој од нив победи на американската лотарија Powerball, тие ќе ги поделат парите. Братски, пола – пола.

Поминаа 28 години и среќата се насмевна на Том. Дојде време да се исполни ветувањето. Џо бил запрепастен, добил повик и неговиот пријател рекол „22 милиони долари“, тоа е сумата што ја освоил на лотаријата и која, се разбира, ќе ја дели.

Следеше славното сликање со огромниот чек, а на него пишуваше 22 милиони.

Директорката на лотаријата им честиташе на победниците што го дочекаа својот „среќен ден“ и рече дека е пресреќна поради нив.

Договорот кој го склучиле во 1992 година се исплати, а пријателството очигледно остана трајно.

Сепак, не секој ќе добие по 11 милиони. Пријателите решија да ја прифатат опцијата за готовина, која е околу 16,7 милиони долари, а откако ќе ги платат федералните и државните даноци, секој од нив ќе добие 5,7 милиони.

Џо е во пензија, а наскоро Том ќе му се придружи. Тие планираат да ги поминат семејните денови во пензија, а оваа сума сигурно ќе биде доволна за тоа.

Победничкиот билет чинеше 2 долари.

Извор: Telegraf.rs