На „Белград на вода“ му недостасуваат работници: Го градат Турци со 500 евра плата
Недостатокот на работна сила е горчлив проблем во земјите од регионот, а исклучок не е ни Србија. Нивниот Претседател, Александар Вучиќ овој викенд зборувал за тој проблем, а посебно нагласил дека најголемиот проект во таа земја „Белград на вода“ го водат странци.
Вучиќ рекол дека во текот на посетата на ова големо градилиште се запознал со шест работници од Турција кои таму работат и чии плати се 500 евра, со платено „спиење и храна“.
„Нашите работници имаат 700 евра плата, без спиење и храна, но немаме работници. Сите ми се смееја кога на тоа предупредував и ми велеа дека зборувам глупости“, рекол тој.
Проблемот со недостатокот на работна сила во Србија веројатно ќе се решава со зголемување на платите.
„Имаме многу да работиме, но со зголемувањто на платите ќе гледаме да вратиме што е можно поголем број на луѓе од странство и да стигнеме просечна плата од 900 евра, што е можно побрзо. Да можам да го видам решението за косовското прашање, би рекол 1,000 евра до 2025 година, но не го гледам и тоа е она што ме мачи. Нема да биде толку лесно и едноставно“, изјавил во свој стил.
Проблемот со недостатокот на работници, на конкретниот проект „Белград на вода“ е решен со увоз на работници од странство. Барани се и 150 работни дозволи за Индијци. На градилиштето во саботата затекнал 290 работници, а преку работните денови има околу 1,800.
„Ние немаме толку работници. Мораме да направиме нешто како Германците и сите други. Луѓето во Белград имаат повисок животен стандард и би работеле полесни, канцелариски работи, за кои би биле подобро платени. Тоа е реалноста и се повеќе зборува за забрзаниот раст“, изјавил српскиот Претседател.
- Дизелот повторно поскапува - 20/06/2025
- Жена се породила во подгорички маркет: Херојството на работничката Оливера - 20/06/2025
- ТОП СЕЗОНСКИ РАБОТИ: Дневници до 80 евра - 20/06/2025