На оваа држава и’ се потребни илајдници работници за нафтената индустрија
Суринамските претпријатија регрутирале холандски работници на саемот во Хоутен во Холандија во текот на викендот, барајќи професионалци кои се подготвени да се преселат во Суринам и да работат во нафтената индустрија, пренел холанdскиот јавен сервис НОС.
Претставниџците на компаниите од Суринам на саемот рекле дека во земјата за две години ќе започне експлоатацијата на нафта и дека поради тоа им се потребни професионалци за да ги исполнат меѓународните стандарди, пренел НЛ тајмс.
За брзорастечката нафтена индустрија на Суринам потребни се илјадници работници, што е далеку повеќе од бројката што таа земја, која има околу 620,000 жители, може да ја обезбеди.
Американскиот државен секретар Марко Рубио го посетил Суринам минатата недела и разговарал за потенцијалот на индустријата и економските врски.
Рубио на прес-конференција рекол дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја зајакне врската со Суринам.
Во последните години, крај крајбрежјето на Суринам откриени се наоѓалишта со нафта.
Неколку нафтени компании тогаш одлучиле да инвестираат во нафтената индустрија во земјата со преоктирани приходи од стотина милиони долари годишно.
Суринам е најмала држава во Јужна Америка во која се зборува холандски.
Извор: b92.net
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025