ПравдаСветот на работникот

„Невидлива цена на работата на луксузна јахта“ – Мелани работела по 18 часа, само за да ги избегне недоличните коментари

Мелани Вајт (30) во својата книга „Зад океанските линии: Невидлива цена на луксузот“, ги опишала сите страшни моменти кои ги доживеала на работното место за кое, отпрво, мислела дека ќе ѝ дозволи малку да одмори од корпоративниот живот, пишува Slobodna Dalmacija.

Се сѐ одиграло во нејзините дваесетти, кога на предлог на нејзиното момче кој бил скипер, прифатила да работи како готвач во кујната на луксузна јахта која пловела по Медитеранот, Карибите и Арктикот.

На море поминала 11 месеци, а како што пишува во својата книга, во континуитет работела и по 18 часа дневно за да ги избегне недоличните коментари од капетанот. Како што вели, условите за работа биле неподносливи, очекувањата преголеми, а за жал, доживеала и сексуално вознемирување.

„На две лица им раскажав што се случи. Нема да ве изненади тоа што не беа шокирани“, рекла Мелани за британскиот The Sun.

„Не ми пружија сочувство, но не ни барав, но ме поддржаа“, додала.

Случувањата на јахтата влијаеле и на нејзината психичка состојба – паднала во депресија и размислувала да си го одземе животот.

Откако многу ослабела и добила инфекција на бубрегот поради недостаток на течности, Мелани била принудена да одлета дома, каде почнала да зема антидепресиви.

Иако побегнала од канџите на оваа работа, и понатаму чувствува како „бледата сенка од она што се случило“ ја демне наоколу.

Моментално живее во Лондон и се надева дека нејзината книга ќе биде од помош за подигнување на свеста за менталното здравје.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Pixabay