МакедонијаСиндикат

Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Во пресрет на најголемиот Христијански празник, вработените во Културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение.

И покрај заложбата на СОНК и притисокот врз министерството за Култура , мартовската плата не е исплатена. СОНК смета дека институциите на системот мораа да изнајдат начин до ова да не дојде, што за жал, околу 4000 вработени во Културата Велигденските празници ќе ги прослават со посна трпеза.
СОНК бара од министерствата да вложат вонредни напори и веднаш после празникот да се исплати заостанатата плата во установите од Културата.