МакедонијаНовостиСиндикат

Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 %

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Јаким Неделков, Претседател на СОНК:

Падна договорот….. поголема плата за вработените во основното и средното образование од месец октомври за 5%, дополнително за наредните години, заклучно со март 2028 година, платите во овие дејности ќе се зголемат кумулативно за околу 50%. Платата на наставниците ќе биде над просечната плата во Македонија. Колективните договори за основно и средно образование ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари.

Со коректен социјален дијалог и партнерски однос, СОНК ги остварува интересите на вработените во образованието.

Ајирлија за договорот!