Независниот синдикат на полицијата доби поддршка од Словенскиот полициски синдикат

Синдикатот на полицијата на Словенија откако ја согледа ситуацијата во која се наоѓаат припадниците на Независниот синдикат на полицијата во Македонија (НСП), земја која претендира да добие датум за преговори со Европската Унија, донесе одлука да упати јасна и недвосмислена порака и критика до тамошното Министерство за внатрешни работи како и до Владата на Македонија.
„Како европски синдикат за целата ситуација ќе ги запознаеме највисоките инстанци на ЕУ околу прашањето како тоа земја која има високи аспирации веќе една година на вработените во МВР, членови во НСП, не им се признава репрезентативност. Ова право е стекнато со закон повеќе од една година. Одговор бараме и на прашањето зошто поради синдикални активности за подобрување на работните права на вработените, претставниците на НСП се соочуваат со невиден мобинг, пишува МКД.
Целосниот текст можете да го прочитате тука