ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Не дава ни просечна плата, а профитот ѝ скокнал повеќе од три пати

Кавадречката компанија „ИГМ трејд Илија и др“ е втора на листата со компании со најголема добивка (порталот Пари веќе ја објави листата https://pari.com.mk/100-najgolemi-dobivka-2021-godina/ ) . Но, како што веќе пишувавме, и покрај остварениот профит од 51,2 милиони евра во текот на минатата година, компанијата не дала ни плати кои во просек се барем како минатогодишниот републики просек кој бил 28.718 денари. Имено, лани прсечнаат плата во оваа компанија била 26.798 денари.

Со цел да откриеме што повеќе „аномалии“ при исплатите на платите во компаниите, порталот „Пари“ ги „прочешла“ податоците за оваа компанија. Тие зборуваат дека во 2021 година просечната плата во „ИГМ трејд“ е зголемена за 1.890 денари во однос на прсечната- нето плата во 2020 година  (тогаш компанијата исплатила во просек нето-плата од  24.908 денари). Односно, зголемувањето на прочената нето плата во 2021 година во однос на 2020 година било за 7,6%. Но, затоа профитот на компанијата станал повеќе од тројно поголем! Имено, добивката на „ИГМ трејд“ во 2020 година била 15 милиони евра, а во 2021 година изнесувала 51,2 милиони евра.

Повеќе на Пари.ком.мк