- Advertisement -
Македонија

Нови паркинг места и редовна санација на пешачките патеки во Општина Аеродром

Нови паркинг места - Работник
218views

Општина Аеродром продолжува со редовната санација на пешачките патеки, како и со поплочување нови површини со цел создавање нови паркинг-места.

Деновиве се работи кај трговскиот центар „Три бисери“, каде се врши поплочување на нов простор, со што ќе се обезбедат нови паркинг-места за потребите на жителите од тој дел на Општината.

Advertisement

Исто така, службите вршат редовна санација на пешачките јавни површини во непосредна близина на детската градинка „Лале“ во населбата Јане Сандански.

Извор: Општина Аеродром

Advertisement
Advertisement

Advertisement