Нови цени на горивата вечерва по полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денес ќе донесе одлука за новите цени на горивата.

Минатата недела, РКЕ одлучи цените на бензините да се зголемат за 2,5 денари. За два денари се зголемија цените на дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,814 (денари/килограм).