НСО со огромна поддршка за протестот на Синдикатот на клинички центар

Независниот синдикат на одбраната дава целосна и безрезервна поддршка на протестот на Синдикатот на клинички центар кој ќе се одржи во среда.

Свесни за лошиот стандард на сите работници во државата цениме дека секо зголемување на платите е добредојдено. Синдикатот на клинички центар бара линеарно зголемување на платите од 2,806 денари, а истото надлежните треба да го исполнат.

Сите знаеме од колкава важност се здравствените работници во Македонија. Оттаму нема потреба да се кажува дека заслужуваат многу поголеми плати и подобар економски стандард.

Независниот синдикат на одбраната останува еден од најдобрите примери за добро партнерство со работодавачот. Ние заедно со Министерството за одбрана одржуваме добар однос, а нашиот пример треба да го следат и останатите синдикати и министерства. Без социјален дијалог, не може да се постигне ништо, па затоа тој е од есенцијална важност.