МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

НСП организира трибина на тема: „Одземање на службено оружје и употреба на физичка сила при преземање на полициски овластувања“

НСП организира трибина на тема- Работник
34views
Фејсбук статус на Независниот синдикат на полицијата: 
 
Со оглед на зачестената појава на одземање на оружјето на полициските службеници како и на се поголемиот број на напади врз полициски службеници, но и кривични пријави за прекумерна употреба на физичка сила, Независниот Синдикат на Полицијата на 21.11.2020 год- сабота од 10.00 – 14.00 часот, ќе организира ТРИБИНА во УАЕ ,,ФОН“ Универзитет на тема „Одземање на службено оружје и употреба на физичка сила при преземање на полициски овластувања“
🗣️ Потврдени присутни дискутанти:
* Проф. Д-р. ЉУБОМИР ФРСКОВСКИ – Поранешен Министер за Внатрешни Работи
* Проф. Д-р. ФРОСИНА РЕМЕНСКИ – Поранешен Министер за Труд и Социјална Политика
* ВОИСЛАВ ЗАФИРОВСКИ – Поранешен Помошник министер за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР и поранешен претседател на Македонскиот Полициски Синдикат
📝 Заклучоците од трибината преку дел од пратениците од Собранието кои се поканети и ќе присуствуваат на трибината ќе бидат предложени како ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА!
 
 

👮‍♂️Со оглед на зачестената појава на одземање на оружјето на полициските службеници како и на се поголемиот број на…

Posted by Независен Синдикат на Полицијата on Tuesday, November 17, 2020