Наука

Оваа недела нѐ очекува спектакуларна глетка на небото – кометата Неовајс. Еве како да ја видите

196views

Овој месец вселенски посетител го краси нашето небо. На 3 јули комета помина покрај Сонцето и оттогаш стана видлива со голо око. Ретката можност да видите комета од надворешниот дел на Сончевиот Систем ќе продолжи и наредната недела, кога астрономите се надеваат дека ќе стане уште посветла.

Користејќи го вселенскиот телескоп наречен „Широкопојасен инфрацрвен истражувач“ (Near-Earth Object Wide-Field Infrared Survey Explorer – NEOWISE), кометата била забележана првпат на 27 март, кога се приближувала до Сонцето. Кометата постепено се осветлувала како што сончевата светлина и сончевиот ветер предизвикале ослободување на гасови и формирање опашка. На почетокот од јуни кометата стигнала до крајната страна на Сонцето. Добиениот сјај ги спречило астрономите да ја набљудуваат кометата во период од неколку недели. Но, кон крајот на јуни таа се вратила во видното поле на друг вселенски телескоп во Соларната и хелиосферска опсерваторија, пишува Факултети.мк

Повеќе прочитајте тука