НовостиПравдаСветот на работникот

ОВА Е ВРАЌАЊЕ ВО ФЕУДАЛИСТИЧКО ОПШТЕСТВО: Гласен Текстилец со реакција на донесените закони

   Време за читање 1 минута
‼️⚠️Работното време на коридорите 8 и 10 кое Гласен Текстилец пред само неколку месеца го оспори пред Уставен суд, а истиот суд го оцени како неуставно законско решение, денеска беше донесено со европско знаменце од страна на владината коалиција.
🚫Ова е уште еден пример на злоупотреба на европското знаменце, кршење на конвенциите на Меѓународната организација на трудот! Ова е враќање во феудалистичко општество и експлоатација на градежните работници!
⛔️Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, со наводно стратешки проект и дозвола за прекувремена незаконска работа, кој почеток понатаму ќе се користи и за останати дејности да бидат квалификувани како стратешки дејности, проекти, интереси , под влијание на разни структури, крупниот капитал , олигарсите.
❌️Ова денес е пораз за сите работници, за сите синдикати, за нас како организација која пред неколку месеци го оспори ова пред Уставен суд.
‼️🇲🇰Оттука упатуваме голема загриженост за состојбата со човековите права, со почитувањето на законите, злоупотреби со европско знаменце за не европски закон.
‼️🇲🇰Но и очекуваме дека Претседателот на државата, Стево Пендаровски дека денешните изгласани закони, вклучитечно и измената во Законот за работни односи нема да бидат потпишани од негова страна.