- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Ограничувањата на додатоците на плата во јавниот сектор ќе важат за април и мај

428views

Владата на 46 – та седница донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба се утврдува дека ограничувањата важат за месеците април и мај и во членот 2 се додава нов став кој определува дека на вработените од јавниот сектор на кои им се исплатува плата согласно закон и колективен договор, правото на додаток за работен стаж, додаток за ноќна работа, надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест или повреда, надоместок на плата поради користење на годишен одмор, надоместок на плата за ден на државен празник и неработен ден утврден со закон, одвоен живот од семејството (освен за пратениците), надоместок на трошок за смрт на работникот или член на неговото семејство, отпремнина при заминување во пензија, го остваруваат и се исплаќа и за време на траењето на вонредната состојба за месец април и мај.

Во членот 3 од оваа уредба, за категориите кои се изземаат од оваа уредба, се додаваат и високообразовните установи и јавните научни установи, инспекторите вработени во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за лекови и медицински средства и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Advertisement