- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Одвојуваме од примањата за пратениците, треба да ја изгласаат државната помош

Одвојуваме од примањата за пратениците - Работник
216views

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска ги повика пратениците побргу да ги изгласаат законите од петтиот пакет на економска помош за справување со корона-кризата кои одамна се влезени во собраниска процедура, но дури изминатиот период се најдоа на дневен ред.

„Апелирам до Собранието да го направи тоа што треба, сите законски решенија за економските мерки да се донесат час поскоро. За нив може не е важна економската состојба, но нека се стават во улога на обичните граѓани. Укажав еднаш, повторно ќе кажам, да ги заборавиме нашите политички агенди. Да превладее разумот и се надевам дека сите ќе смогнеме сили. Јас одвојувам од моите примања, исто како и моето дете што одвојува од некои негови идни примања, за тие да се грижат за нас“, рече Битиќи.

Тој денеска во Скопје имаше заедничка прес-конференција со црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ.