Одржана финалната конференција за благосостојбата на младите наставници
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Одржана финална конференција во рамките на Erassmus + проектот YouWell (Одржување на благосостојбата на младите наставници во училиштата).
Пред педесетина присатни, меѓу кои и Државниот секретар при МОН, г-ѓа Елена Ивановски и продекан за настава при Педагошки факултет во Скопје, г- дин Емил Сулејмани, беше презентиран текот на проектот и постигнатите резултатите од него.
Со големи емоции за учеството во овој проект, свое обраќање имаа наставниците менторите како и нивните помлади менторирани колеги. Взаемна констатација беше дека новиот пристап и комуникација помеѓу менторите и менторираните наставници доведува до зголемување на самодовербата на младите наставници, што придонесува до полесно надминување на предизвиците во текот на работата, решавање на проблемите за време на наставата и конечно општо задоволство и чувство на успешен наставник.
Повеќе информации можете да добиете на https://sonk.org.mk
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025