Од денеска предупредувачки протест на вработените во Македонски пошти

Вработени во Македонски пошти од денеска започнуваат со предупредувачки прекини во работата во времетраење од половина час, јавува „Независен“.

Паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.

Предупредувачките прекини, вработените велат дека ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на 29 октомври, наведува „Независен“.