Македонија

Од утре променет железничкиот возен ред поради ограниченото движење

37views

Воведувањето на продолжен полициски час кој ќе започнува од денеска, од 16:00 до 05:00 часот во работни денови и од 16:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник, предизвика промени во железничкиот возен ред, соопштија денеска од Железници на Република Македонија.

Од Железници информираат дека од денеска ќе сообраќаат возовите на релација Велес – Скопје – Велес, и тоа возот 601 по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот, возот 2080 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 11:30 часот, возот 2081 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 12:40 часот, и возот 2082 со поаѓање од Велес во 13:44 часот.

Од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05:45 часот и пристигнување во Велес во 06:30 часот, гарнитура за возот 630 од Велес.

-На релација Скопје – Гевгелија – Скопје ќе сообраќаат: возот 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот, возот 632 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 11:30 часот и возот 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од 32 минути и ќе поаѓа од Велес во 06:45 часот, соопштуваат од Железници.

Оттаму посочуваат дека на релација Скопје – Битола – Скопје ќе сообраќа возот 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот и возот 642 кој ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10:50 часот.

Денеска, како што се дополнува во соопштението, ќе сообраќаат и возовите 640 на релација Битола – Скопје и 661 на релација Кичево – Скопје. Останатите возови планирани со возниот ред 2019/20 година нема да сообраќаат.

Извор: Лидер