Општина Карпош: Нови занимални за градинката „Орце Николов“ во Карпош 3
Матичниот објект на градинката „Орце Николов“, во Карпош 3 ќе добие нови четири занимални, простории, со што значително ќе се зголемат згрижувачките капацитети на оваа градинка која е лоцирана во урбаното јадро на Карпош.
Денеска, градоначалникот Стефан Богоев потпиша Договор за користење грант со Министерството за труд и социјална политика (МТСП), откако претходно, локалната самоуправа аплицираше на Јавниот повик на МТСП.
Грантот е во висина од 28 милиони денари, а го доделува Светска Банка преку „Проект за подобрување на социјалните услуги“ и е наменет за финансирање на градежните работи при доградбата на детската градинка „Орце Николов“.
Градежните активности ќе започнат во 2020 година, а предвидено е и хортикултурно уредување во дворот на градинката.
Денеска, во Медија центарот на Владата на Република С. Македонија, беа склучени договори со повеќе општини. Беше истакнато дека во 2020 година, Општина Карпош ќе склучи уште еден Договор за грант со МТСП, за надградба на градинката „Распеана младост“ во Карпош 1.
Градоначалникот Стефан Богоев пред присутните медиуми ги истакна проектите на полето на детска заштита кои Карпош ги реализираше во 2019.
–Изградена е целосно нова градинка во Бардовци, а а беа направени и повеќе санации во градинките „Орце Николов“, „Мајски цвет“ и „Распеана младост“. Беа реконструирани тоалети и занимални, а во сите градинки се воведе и здраво мени на исхрана, рече Богоев.
Министерката Мила Царовска посочи дека целта на Владата е до 2024 година да се креираат нови 7.500 места во предучилишното образование, а денешните потпишани договори придонесуваат во реализацијата на оваа цел.
Општина Карпош продолжува да работи на проектни апликации за добивање на неповратни средства, од домашни и меѓународни финансиски институции, со цел да реализацира капитални проекти преку поекономично работење. Градењето на поквалитетно и поинклузивно предучилишно образование е еден од приоритетите и во Новата година.
Извор: Општина Карпош
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024