ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПРОТЕСТ
Оризопроизводителите пак излегуваат на протести. По неколкунеделната игра топло-ладно со Владата решија да ги активираат блокадите.
Во вторник повторно ќе излезат со трактори. Велат иако од Владата добиле ветување дека откупната цена на арпата нема да оди под 25 денари, на терен не само што цената е многу пониска туку и откуп практично нема.
Од Синдикатот на земјоделци сметаат дека потребно е системско решение. Мора да се одреди производна цена на арпата, под која не смее да се оди, а сега се потребни интерветни мерки.
Над една третина од ланската реколта стои во амбарите, а дождот новата жетва на ориз ја одложи за најмалку две недели, што ќе влијае и на квалитетот.
Претходно земјоделците остварија средба со премиерот. Добија уверување дека проблемот ќе се реши. Министерот за земјоделство дури оствари и средба со откупувачите, но не падна конкретен договор. Од Владата најавија дополнителни три денари субвенции.
Извор: ТВ24

