Партијата на пензионери бара повисок лимит за бесплатно болничко лекување
Партијата на пензионери повторно апелира и бара од Владата веднаш да го покачи утврдениот износ за бесплатно здравствено лекување во болница за пензионерите со мали примања.
“Владата мора да покаже поголема грижа за пензионерите”, истакнаа од партијата.
Тие додадоа дека постојниот лимит е недоволен и не ги покрива основните потреби на оваа категорија граѓани.
“Бараме итно решение кое ќе им овозможи достоинствено лекување на нашите членови”, порачаа од партијата.

