НовостиПравдаСветот на работникот

Патешествието на поранешните вработени во ресторанот „Три Бисери“ – ПРВ ДЕЛ

Патешествието на поранешните вработени - Работник
3.18Kviews

Порталот Работник ви носи уште една приказна на работници чиишто права од работен однос биле прекршени пред и во време на корона кризата. Имено, се работи за ресторанот „Три Бисери“, во н. Аеродром, Скопје, чии што поранешни вработени се обратиле до Левица, од каде им понудиле правна помош, за да им помогнат преку судски пат да добијат обесштетување од сопственикот на угостителскиот објект. 

Од Левица на 02-11-2020 година започнале судска постапка за работниците од „Три Бисери“. Од таму во соопштение објавено на истиот датум посочија дека преку својот овластен адвокат поднеле 5 поединечни тужби и една групна кривична пријава против самата фирма за неисплатени плати, вршење на фалсификат на наводни спогодбени раскини, пуштање на правен промет на фиктивни исправи, како и одјавување од работен однос без дозвола и знаење на вработените. 

Според, координаторот на Трудовиот сектор на Левица Бобан Кочовски, од Левица, преку поранешните вработени во ресторанот „Три бисери“ дознале за прекршувањето на нивните работнички права.

„Дел од работниците не побараа и ни ја кажаа страотната ситуација којашто се случува таму. Би сакал да прецизирам дека се работи за две групи на работници, односно првата група е онаа која работеше пред и при самите почетоци на вонредната состојба, а втората група се оние работници коишто беа во работен однос за време на вонредната состојба“, рече Кочовски.

Посочи дека од двете групи добиле повици за нивна интервенција, и додаде дека тоа го сториле без размислување. 

Истакна дека согласно она што го има како информација по долгите разговори и прибавување на факти и докази од двете групи на работници, се работи за комплексен спор каде што не биле повредени само работничките права, туку имало и силни индиции за кривични дела. 

„Иако во фокусот на самата постапка е ставено добивањето на побарувањата во делот со нивните плати и придонеси коишто не се регулирани согласно закон, а кои требало и морало да бидат навремено подмирени, добивме информации дека билем предмет на континуирани закани, притисоци, па дури и во неколку ситуации биле физички напаѓани“, вели Кочовски.

Согласно сведоштвата на работниците, истакна Кочовски, тие неретко биле заклучувани во просториите на локалот поради тоа што имале несогласувања со сопственикот на „Три Бисери“, па, како што вели, работниците не можеле да го напуштат работното место.

Кочовски раскажа дека работниците побарале помош од Државниот Инспекторат за труд, но тој постапил по втората пријава откако поминале 21 ден. 

Согласно сведоштвата на работниците, тие неретко биле заклучувани во просториите на локалот поради тоа што имале несогласувања со сопственикот на „Три Бисери“ па работниците не можеле да го напуштат работното место. За жал добивме информации и за некои посериозни обвинувања, но сепак би почекал на самата постапка за да ги докажеме истите, бидејќи се работи за сериозни кривични дела од страна на сопственикот. Работниците иако барале помош од Државниот Инспекторат за Труд, сепак тој воопшто не постапил, односно по втората пријава постапил откако поминале 21 ден. 

Постапката најпрво започнала со околу дваесетина работници, но, како што вели Кочовски, по игра на случајот, дел се повлекле поради страв да не се замерат со сопственикот на „Три Бисери“, а дел својата среќа ја побарале преку приватно покренување на судска постапка. 

„Во моментов, согласно моите последни информации со кои што располагам, се работи десетина работници во постапката, при што се надеваме дека сите нивни парични побарувања ќе бидат прифатени од страна на судот, а паралелно со тоа, сопственикот на „Три Бисери“ ќе биде и кривично гонет. Морам да нагласам дека оваа постапка се одвива далеку побрзо од постапката која што ја водиме за избрканите работници од АД ‘Стоби’, при што очекуваме целосна разрешница најкасно во првата половина од 2021 година“, рече Кочовски. 

Порталот Работник дојде и до една од поранешните вработени во ресторанот „Три Бисери“, чиешто сведоштво ќе ви го пренесеме во вториот дел од оваа работничка приказна.

Бобан Илијевски