Пензионерскиот синдикат дава целосна поддршка на протестот на Синдикатот на клинички центар

Пензионерскиот синдикат на Македонија дава целосна поддршка на претстојниот протест на Синдикатот на клинички центар кој ќе се одржи во среда.

Барањето на нашиот братски синдикат е линеарно зголемување на платите на здравствените работници за 2,806 денари. Зголемување коешто им следува и треба да им се овозможи.

Борбата за остварувањето на работничките права е долга и макотрпна, а ние остануваме доследни на неа. Како синдикат се залагаме за зголемување на платите и унапредување на сите права на работниците и им ја даваме целосната наша поддршка. Така, во овој случај, нашата целосна поддршка му ја упатуваме на Синдикатот на клинички центар и сите здравствени работници кои и тоа како заслужуваат поголеми плати и подобри работни услови.

Претседател,

Марјан Спасовски