Пензионерски синдикат: Да продолжи линеарното зголемување на пензиите
На сметките на над 340 илјади пензионери легнаа повисоки примања за 2.500 денари. Некои од банките парите ги префрлија уште минатиот петок. Засега со двете покачувања на пензиите од вкупно 5.000 денари, колку толку се одржува животниот стандард – велат од Пензионерскиот синдикат на Македонија. Оттаму велат дека зголемувањето од 2.500 денари за секој пензионер, е пореално од процентуалниот пораст. Притоа најмногу им се помага на оние со најниски пензии.
Од Владата рекоа дека со вториот пораст на примањата на највозрасната категорија граѓани за 8 месеци, се исполниле предизборните ветувања.
Линеарното зголемување на пензиите да продолжи барем еднаш годишно – бара Пензионерскиот синдикат. Според пензионерите, ќе треба подолг период за да се надмине неправдата која траеше неколку години кога со законски измени пензиите растеа минимално бидејќи од формулата за пресметка беше изоставена просечната плата, која во меѓувреме значително растеше. Дополнително во многу европски држави, при калкулацијата на пензиите се зема повисокиот пораст, без разлика дали се работи за повисоката просечна плата или пак повисоките трошоци на живот.
Ова ќе биде последно фиксно зголемување на пензиите. Пратениците во Собранието усвоија нови измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што во иднина пензиите ќе растат 50% согласно зголемувањето на трошоците на живот и 50% согласно растот на просечната плата.
Извор: Алфа
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025