- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Пензионирани лица на Армијата и претседателот на пензионерскиот синдикат при КСС на средба со Мицевски и Стојаноски: Власта нема слух за нашите барања

Воедни пензионери - Работник
558views

Претставници на Иницијативниот одбор на пензионирани лица на Армијата на Република Македонија со наметнат дискриминирачки статус и Претседателот на пензионерскиот синдикат при КСС (Конфедерација на слободни синдикати), во Собранието на Република Македонија остварија средба со Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеникот Бојан Стојаноски.

-Дискутиравме за суштинските барања од наша страна кои се имплементирани во Предлог законот за изменување и дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, за кои Власта подолг период немаше слух, велат и додаваат:

Advertisement

„Па оттука, ја повикуваме министерката Шекеринска да не се крие позади колегите пратеници од власта и конечно да признае и да ги прифати и поддржи нашите суштиниските барања, за кои повеќе од една година министерката за одбрана немаше слух. Со овие наши барања законски ќе се исправи неправилноста која ни е нанесена, а тоа е да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос, согласно законите за служба во Армијата кои важеле во времето на остварување на правото на пензија. Ќе напоменеме дека нашите барања се суштински, имајќи во предвид дека сите сме еднакви пред Уставот и законите, пензиската основица за одредување на пензијата да се пресметува според просекот на плати од најповолните 10 години во текот на работниот стаж, валоризирани согласно коефициентот кој важи во годината на стапување на овој законот за АРМ во сила. Воедно, апелираме до парламентарното мнозинство да даде поддршка на овој предлог на закон и нашете барања да бидат прифатени.
Доколку власта и министерката Шекеринска се искрени во своите намери како што говорат еве прилика тоа да го покажат пред јавноста и да ги прифатат нашите суштински барања“.

Би сакале да нагласиме, потенцираат, дека оваа работна средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ помина во позитивна атмосфера и со искрена желба за решавање на предизвиците со кои се соочуваме во овој период. -Средбите од ваков тип секогаш придонесуваат кон подобри и квалитетни законски решенија.

Advertisement
Advertisement

Advertisement