- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Петровска: Очекуваме позитивен одговор за планот за вработување на 12 инспектори

Петровска: Очекуваме позитивен одговор - Работник
323views
Пред околу еден месец го доставивме нашиот план за вработување до Министерството за финансии со кој бараме вработување на вкупно 12 инспектори, со различен ранг, нешто советници, нешто помлади инспектори кои ни се неопходни во Скопје и другите региони, рече на денешната прес-конференција директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска.
 
Од тие 12, како што посочи, имаат побарано и еден инспектор за природа, бидејќи во моментов имаат само еден инспектор и двајца водостопански инспектори на ниво на цела држава.
 
-Очекуваме набргу да добиеме одговор од Министерството за финансии, имајќи предвид дека Владата ја донесе одлуката со највисок приоритет да се одобри нашиот план за вработување. Очекуваме позитивен одговор. Но верувам дека Министерството е пред тешка задача имајќи ги предвид ограничените финансиски средства и тековната  пандемијата и економските мерки кои треба да се финансираат. Без оглед на тоа мислам дека во моментов се истражуваат сите можни финансиски резерви за да ни се одобри планот и да имаме можност наскоро да ги започнеме нашите огласи, рече Петровска.