- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Пешевска со јавен повик до пратениците од СДСМ: Уште денеска да се собериме и да ги изгласаме законите за помош на граѓаните и економијата

Пешевска со јавен повик до пратениците - Работник
806views

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска упати јавен повик до нејзините колеги, уште денеска во Собрнието сите заедно да ги изгласаат законите за помош на граѓаните и економијата.

-Како пратеник во Собранието на Република Македонија преку овој ЈАВЕН ПОВИК ги повикувам, пратениците од СДСМ уште ДЕНЕС, попладне да се собереме во Собранието и да ги изгласаме законите кои се потребни за помош на економијата и граѓаните од пандемијата. Ниту еден друг закон, нема приоритет, како законите потребни за помош на граѓаните и економијата.

Не оддржувањето на ваква седница, на дело ја покажува вистината а тоа е дека, пратениците на СДСМ не сакаат да се донесат Законите за помош на граѓаните!, пишува во повикот Пешевска објавен на нејзината Фејсбук страница.

 

ЈАВЕН ПОВИК ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ!

Како пратеник во Собранието на Република Македонија преку овој ЈАВЕН ПОВИК ги…

Posted by Жаклина Пешевска on Tuesday, March 23, 2021