Платите во јавниот сектор – Синдикална школа на САДУ
Од 7 до 9 јуни, Синдикатот за администрација и државна управа одржува синдикална школа преку која за цел има да ги едуцира своите членови.
Школата која е поделена во повеќе панели опфаќа теми како: платите во јавниот сектор, реформите и дигитализацијата на јавниот сектор и колективните договори и нивната важност.
На школата учествуваат претставници на синдикалните организации и членови, како и останати соработници.


