Повисоки казни за трговците кои ќе манипулираат со цените!

Новиот Закон за потрошувачи кој на големо се најавуване може да ги стабилизира ценита на храната. Но, доколку некој трговец не ги почитува правилата и мерките за трговија кои ги носат надлежните ќе добие висока парична казна, а може да му биде затворен и дуќанот. Од Организацијата за заштита на правата на потрошувачите за Алсат велат дека цените на храната трговците слободно ги определуваат, освен во моментов дел од основните прехранбени производи.

Според властите со законот ќе се стави крај на нечесните трговски практики, а просторот за манипулации со цените на храната ќе биде сведен на минимун.

„Одредена трговската практика е нечесна, доколку материјално го нарушува економскиот интерес и однесувањето на просечниот потрошувач во однос на производот“, наведуваат од Министерството за економија. Трговците ќе бидат казнети ако нудат лажни информации, го доведат во заблуда потрошувач, или агресивно го убедат граѓанинот нешто да купи”.

Новиот Закон за потрошувачи предвидува глоба за од 500 до 1000 евра за микро фирмите и 150 евра за оговорното лице. Двојно поголеми се паричните казни за мал трговец, во случај регистрираниот среден трговец ги прекрши правилата може да заработи казна од две до пет илјади евра и 350 евра за шефот на фирмата. Највисока е казната за гоелмите трговци кои се движат од пет до десет илјади евра и 500 евра за одговорното лице.

Казни се предвидени и за трговците поединци од по 50 евра. Исто така, предвидена е привремена забрана за вршење на дејност и тоа во траење од три месеци до две години, од страна на надлежен суд за среден трговец и голем трговец, и од 15 до 30 дена за микро и мал трговец, од страна на Комисијата за одлучување по прекршок.