- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Пожарникарите наместо дијалог добија закани – продолжува протестот на тетовските пожарникари

Пожарникари - Работник
416views

Пожарникарите од Тетово продолжија со протестите. Бараат да им се исплати додатокот на плата за работа преку викенд, за празници и за ноќна смена. На вчерашниот протест присуствуваше и Горан Ристовски од Синдикатот на пожарникари на Македонија, кој го поддржа протестот и изјави дека општина Тетово има законска обврска да им ги исплати додатоците. Според Ристовски само општина Тетово не го решила овој проблем, а доколку не прифатат дијалог, следниот протест ќе се одржи пред општината.

Еден од пожарникарите од Тетово, рече дека општина Тетово или не знае или не сака да го реши овој проблем, а според него, неговите колеги добиле закани за отказ бидејќи учествуваат на протестот.

„Ова не е централен проблем туку е локален и тие или не знаат или не сакат да го решат ова. Имаме информации дека им се заканиле на наши колеги. Кој?  Тие кои се погоре од нас“, истакна Башким Цека.

47 пожарникари од вкупно 52 ја тужат општина Тетово, за неисплата на додаток на плата и од постапката добија по 60 илјади денари кои општината требаше да ги уплати на нивната сметка, но досега добиле само 20 илјади денари. Општина Тетово во соопштението за протестот кој се одржа во петокот велат дека во рамките на законот ги поддржуваат пожарникарите, а за нивните барања рекоа дека тоа не е локален туку државен проблем.

Извор: ТВ21