- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Постигнат договор помеѓу пратениците за економските закони

Собрание - Работник
471views

На вонредната координација кај спикерот Џафери договорено е од седницата која беше спорна да се извадат сите закони, освен оние кои се однесуваат на 5-ти пакет мерки.

Има договор за гласање на антикризните мерки меѓу власта и опозицијата. Вонредната координација кај спикерот Џафери договорено е од седницата која беше спорна да се извадат сите закони, освен оние кои се однесуваат на 5-ти пакет мерки.

Дневниот ред ќе биде потврден денеска, а потоа веднаш ќе работи комисијата за финансирање и буџет. Пратениците денеска ќе продолжат со пратенички прашања, а од кои се откажаа избраниците од власта. Со ова практично постојната седница се претвора во ковид седница.