- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Пошта иницира регионална соработка и поголема ЕУ-поддршка за модернизација и поквалитетни услуги за граѓаните

Пошта иницира регионална соработка - Работник
53views

Во рамки на Стратегијата за подобрување на услугите и модернизација на работата на АД Пошта на Северна Македонија соопшти дека во текот на оваа недела биле остварени повеќе меѓународни средби за зајакнување на нејзината  регионална и ЕУ-соработка.

– На средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, генералниот директор Јани Макрадули посочи дека досега не биле реализирани формални заеднички активности помеѓу двете национални пошти. Тој иницираше отпочнување меѓусебна соработка со цел размена на знаења, искуства, како и реализација на заеднички проекти, кои несомнено ќе водат кон подобрување и зголемување на довербата, со цел поактивно користење на поштенските услуги во двете земји, информира Кабинетот на генерален директор на Пошта.

Advertisement
Како што се наведува во соопштението, меѓународниот поштенски сообраќај помеѓу Северна Македонија и Словенија, бележи зголемување за време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и од тие причини е неопходна поблиска соработка помеѓу националните пошти во двете земји. Тоа било заедничка констатација од средбата со амбасадорот на Словенија, Милан Предан.

– Гледаме голем потенцијал и потреба од поголемо вложување во квалитетни меѓународни поштенски услуги, бидејќи растот на бројот на пратки и писма јасно покажува колку е голема потребата на граѓаните и бизнис-заедницата во двете земји од ваква соработка. Поддршка од националната Пошта на Словенија ќе биде особено значајна и во однос на пренесување на искуствата со цел брза модернизација на технолошкиот и процесот на дигитализација на Пошта на Северна Македонија, истакнува генералниот директор Макрадули.

На средбата со раководителот на секторот за економски прашања, владеење на правото и јавна администрација при Делегацијата на ЕК, Фрејк Јанмат, пак, биле презентирани и стратешките приоритети на Пошта за 2021 година, меѓу кои се финансиската стабилизација на компанијата, дигитализација и воведување е-трговија, спроведување на силна „зелена“, односно еко-компонента во работата на Пошта на Северна Македонија.

Advertisement

На средбата Макрадули посочил дека очекува од партнерите во Делегацијата на ЕУ поддршка и во делот на реконструкција на опожарената шалтер-сала која претставува архитектонската гордост на Пошта, но и на целата држава.

Advertisement