НовостиСветСветот на работникот

По 200 години, се гаси уште една голема германска компанија

   Време за читање 1 минута

Уште една традиционална германска компанија банкротирала. Шумаг АГ по 200 години постоење станал несолвентен, а стечајот оставил стотици работници во незивесност.

Компанијата Шумаг АГ е специјализирана за прецизна технологија, а позната е по производите „Made in Germany“.

Изработуваат прецизни делови со пречник од 0,3 до 60 милиметри кои се направени од нерѓосувачки челик и обоени метали и апсолутно се неопходни за многу индустрии.

Ги снабдуваат индустриите за моторни возила, медицинска технологија и техника на уреди, а познати се по најголемиот квалитет, пишува Феникс магазин.

Додава дека компанијата најголемата продажба ја остварува на меѓународните пазари.

И покрај финансиските тешкотии, Шумаг АГ не се опоравил од дополнителниот удар.

Германските медиуми пренесуваат дека на 22 септември непознати лица ја нападнале нивната корпоративна мрежа и ги хакнале сите податоци, па сега плановите за реструктуирање станале неважечки.

Раководството на компанијата поради тоа поднело барање за самостојно управување со инсолвентност до надлежниот окружен суд во Ахен.

На работниците ќе им бидат исплатени плати за наредените три месеци.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock, Miha Creative