Останато

Права на децата – детски додаток

Права на децата – детски додаток (2)
Правото на детски додаток му следува на дете во семејство чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование, кој е поставен на 6.800 денари, а кој се зголемува за секој член на семејството за одреден коефициент кој е предвиден со Законот за заштита на децата.
Колку ќе изнесува висината на овој додаток зависи од бројот на децата во семејството и на нивната возраст. Согласно моменталните законски одредби за едно дете на училишна возраст додатокот изнесува 1.000 денари месечно, а за две или повеќе изнесува 1.600 денари месечно за сите деца.
Кога имаме едно дете кое не е на учичишна возраст додатокот е во висина од 1.200 денари месечно, а за две или повеќе деца додатокот изнесува 1.900 денари месечно за сите деца. Доколку во дадено семејство има две или повеќе деца, кои не се сите на училишна возраст, висината на додатокот за сите деца месечно изнесува 1.600 денари.
Тимот на Јуридика