Филимена Бошковска Мишевска заедно со Гласен Текстилец извојуваа победа и се исправени недостатоците и направените прекршувања од страна на работодавачот ЛДИ Димотранс Македонија-Дооел Скопје.
По увидот од доставените списи од страна на Државниот Трудов инспекторат ја задолжил Агенцијата за вработување да направи исправка во М1/М2 образецот и да се промени основот на отказ. Односно со истек на определено време е известен и Фондот за Здраствено Осигурување за неправилностите во одјавата од страна на работодавачот, за што Филимена треба да го продолжи своето породилно одсуство и да не врати ни денар на Фондот за Здраство како што беше наложено во решението на ФЗО.
Соработката меѓу Гласен Текстилец и ДИТ продолжува и се надеваме дека останатите институции како што е АВРМ и ФЗО ќе бидат претпазливии ќе ги заштитат работниците и работничките од одредени работодавачи.
Воедно случајот со Филимена е еден од многуте каде се укажува на потребата од заштитата на бремените жени и жените на породилно отсуство од страна на Државата.
Затоа е потребно ново законско решение кое ќе ги заштити бремените жени што се на договор на определено работно време.