- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Препораки за однесување на вработените во производните капацитети кои произведуваат прехранбени производи и кланици

Препораки за однесување - Работник
289views

На фирмите кои вршат дејност производство на прехранбени производи, им се препорачува производниот процес да се организира на следниот начин:

1. Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м.

2. Во кланиците поради спецификата на производниот процес растојанието може да биде до 1,5 метар.

3. Вработените задолжително носат заштитни маски.

Вработените во кланиците маската да ја менуваат на секои два до четири часа или во случај на нејзино оштетување или загадување со крв и друга нечистотија.

4. Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини.

5. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и приборот и опремата за работа).

6. Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум 5 лица .

7. Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

8. Редовно спроведување на ДПП/ДХП базирани на HACCP принципите.

9. Во случај на позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 на вработено лице (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и испраќа дома и се советува ВЕДНАШ да го контактира својот матичен лекар.

10. Одговорното лице на фирмата го известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на КОВИД-19 (име и презиме,адреса, тел.број) подготвува список на лица кои согласно работното место се во близина ( до него, пред и позади ) на работното место на позитивниот работник кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ.

11. По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена.

12. По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториите и направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, се продолжува со нормалниот производствен процес.

13. Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

14. Во случај на потреба од административна работа: потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици).

15. Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

16. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема.

17. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на
оддалеченост еден од друг од 1,5 до 2,0 метри.

Извор: Влада