ЕкономијаМакедонијаНовости

Прехрамбените производи со повисоки цени, ќе се казнуваат неетичните трговци

   Време за читање помалку од минута

Покачување на цените на педесетина прехрамбени призводи ги чека граѓаните од петок. Престанува да важи гарантираната цена за лебот, јогурт, јајца, млеко, тестенини, сирење, дел од месните производи.. Колку дополнително ќе се удри по буџетот на граѓаните ќе зависи од трговците, но секое неетичко однесување, според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе се казнува на најсериозен начин. Државниот трудов и пазарен инспекторат од задутре ќе бидат на терен и за секои евентуални зголемувања на цени кои излегуваат од нормалната пазарна логика соодветно ќе се реагира.

Повеќе на Телма