Привршува пријавувањето за земјоделски субвенции

Привршува пријавувањето за субвенции во земјоделството за годинава. Сите кои се заинтересирани барањата можат да ги поднесуваат електронски на веб страницата на Платежната агенција или со помош на подрачните единици на Министерството за земјоделство. Крајниот рок за аплицирање е до 30-ти јуни 2021-ва година.

Привршува пријавувањето за добивање на финансиска поддршка во земјоделството. Сите заинтересирани барањата можат да ги поднесат електронски на веб страницата на платежната агенција.

За растително производство парцелите треба да бидат запишани во регистарот на министерството, а во сточарството како услов се потребни податоци за бројната состојба на животните евидентирани на денот на доставување на барањето.

Земјоделците кои не се во можност сами да поднесат документи за субвенциите, или имаат потреба од помош при електронското аплицирање, можат да се пријават во Подрачните единици на министерството за земјоделство.

Барателите треба да отпечатат два примерока и да ги потпишат, по што едениот од нив треба да го достават до платежната агенција.

Дoколку утврдат дека при поднесување на барањето направиле пропуст, напишале погрешни податоци или имаат потреба од нивна измена заради несовпаѓање со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или корегираат  во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

Крајниот рок за прием на барањата е 30- ти јуни 2021-ва година.