ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ СПОРТИСТКИ, СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И ЕКИПА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2019 ГОДИНА
Градот Скопје денеска ги додели признанијата на најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје за 2019 година. На доделувањето на овие престижни награди присуствуваше заменик – градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.
– Денеска ја продолжуваме традицијата на Град Скопје – доделувањето на годишните награди за најуспешните во областа на спортот, коишто со своите постигнувања ја одбележуваат годината што изминува. Од срце ви честитам за постигнатите резултати за почит, резултати за голема афирмација на главниот град и на Република Северна Македонија. Како што доликува, вие и понатаму ќе ја имате нашата поддршка – финансиска, логистичка и морална, за да се радуваме и да ги славиме спортските успеси – рече денеска Малиќи.
Тој додаде дека покрај вложувањата во врвниот, рекреативниот, масовниот и во спортот за лица со посебни потреби, Град Скопје најмногу ќе вложува во средноучилишниот спорт.
– Иднината на македонскиот спорт е токму во успешната организациска поставеност на средноучилишниот спорт, за што особено сакам да им се заблагодарам и да им честитам на професорите по физичко воспитување како носители на програмскиот проект за развој на училишниот спорт – нагласи Малиќи.
На денешната свеченост што се одржа во просториите на Град Скопје беа доделени следните признанија:
За Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби признанија добија:
Марио Мицковски – Специјална олимпијада
1.место во пливање – 50 м. слободен стил и 1.место во пливање – 25 м. грбно на Летни олимписки игри на Специјална олимпијада, и
Стефан Прентовски – Специјална олимпијада
1.место во пливање – 50 м. слободен стил на Летни олимписки игри на Специјална олимпијада.
Во категоријата Најталентиран млад спортист – кадет за 2019 година наградата отиде во рацете на Александра Симева – Тениски клуб „Тенис парк“, победник на два големи меѓународни турнири.
За Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени) прогласени се:
- Миа Тодорова – Кикбокс клуб „Шампион“, 3.место на Светско првенство;
- Ангела Мојсовска – Карате клуб „Макпетрол“, 5.место на Светско првенство – У 21 и 3.место на Европски универзитетски игри;
- Филип Додевски – Таеквондо клуб „Бутел“, 1.место на Светско клупско првенство и 3.место на Европско првенство – У 21;
- Петар Спасеновски – Карате клуб „Макпетрол“, 1.место на Европско првенство; и
- Бесир Алили – Боречки клуб „Лирија“, 1.место на Европско првенство за кадети.
За категоријата Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје признанието отиде во рацете на Даинис Криштопанс – АД Ракометен клуб „Вардар“, 1.место Лига на шампиони на Европа.
За Најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласена АД Ракометен клуб „Вардар“, 1.место во Лига на шампиони на Европа сезона 2018/2019; 1.место во СЕХА Лига, 1.место во Женска регионална СЕХА Лига, 2.место во ЕХФ Лигата на Шампионите.
Во категоријата Најуспешен тренер признанието отиде во рацете на Суфијан Исмаили – Боречки клуб „Лирија“, 1.место на Европско првенство за кадети и 5.место на Европско првенство за сениори.
Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (жени и мажи) признанија добија:
- Сајра Морина – Карате клуб „Кеикс“
Три први места на WKF меѓународни турнири;
1.место на балканскиот турнир Шампионат
- Дрита Ислами – Атлетски клуб „Работнички“
1.место на 400 м. на Европско првенство – 3 лига
3.Адријана Поп Арсова – Маратон Клуб Делта
3.место на Балканијада во маратонско трчање
- Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб „Бутел“
1.место на Балканијада
- Сара Радичевска – Карате клуб „Макпетрол“
2.место на Европски универзитетски игри
5.Петар Заборски – Карате клуб „Макпетрол“
2.место на Европски универзитетски игри
4.Евгениј Поп Ацев – Пливачки клуб „Вардар“
1.место на светска ранг листа во маратонско пливање;
6.место на светска ранг листа на 10 км – олимписка дисциплина
3.Елмедин Сејфулахи – Боречки клуб „Лирија“
4.место на европско сениорско првенство
2.Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб „Вардар“
место на светско првенство и освоена олимписка норма за „Токио 2020“
- Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб „Вардар“
1.место во Лига на шампиони на Европа и 1 место во СЕХА лига.
Признанијата за најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипa за 2019 година ги доделува Градот Скопје, а технички организатор на манифестацијата е Сојузот на спортови на Скопје.
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024