НовостиСветот на работникот

ПРОГРАМЕР, СИСТЕМ ИНЖЕНЕР, СМЕТКОВОДИТЕЛ – Народна банка бара повеќе кандидати, плата над 38 илјади, еве за кои

   Време за читање 1 минута

Шест лица ќе имаат можности да работат во нашата централна банка. На веб страната на Народна банка објавен е оглас за вработување со кој се бараат кандидати за неколку работни места. Притоа за дел од работните места вработувањето ќе биде на една година, а за други две години.

Се бара помлад супервизор во Дирекцијата за теренска супервизија, за период од една година. Две лица би работеле во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, од кои еден за место помлад сметководител во отсекот за емисионо сметководство и едно лице за позицијата помлад сметководител во отсекот за финансиско – материјални и пресметковни работи, на определено време во период од 2 години.

Народна банка бара кандидати и за позицијата „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за апликации, на определено време во траење од две години. Ќе се пополнува и позицијата „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи во Дирекцијата за ИТ инфраструктура на период исто така од 2 години.

Повеќе на Фактор