Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај
Прекинот на железничкиот патнички и товарен сообраќај во државава продолжи и денеска, откако од завчера машинскиот персонал ја бојкотира работата со неисполнување на работните обврски барајќи зголемување на надоместот за квалитет на работа од 30 на 40 проценти.
Од машинскиот персонал за МИА велат дека досега заминале само два товарни воза и оти се соочуваат со притисоци да продолжат со работа. Тврдат дека во текот на вчерашниот ден од раководството им било побарано секој машиновозач и помошник машиновозач да потпише поединечна изјава дали ќе ги извршува работните обврски. Како што велат, остануваат на поставеното барање и се отворени за разговор, но по средбата што ја имаа во пресрет на штрајкот со раководството на компанијата и ресорниот министер Горан Сугарески, не добиле нова покана, пренесува АлсатМ.
Целосниот текст прочитајте го тука
- ГО ПРАШАА МАСК КАКО УСПЕВА ДА ВОДИ ШЕСТ КОМПАНИИ ОДЕДНАШ: Одговори со неколку зборови - 20/01/2025
- СПМ: Синдикатот на полиција во Македонија ги достави предлог измените за Законот за внатрешни работи - 17/01/2025
- СОНК домаќин на работната група за Законот за наставници и стручни соработници - 17/01/2025