- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Просечната плата не ги покрива – За 122 денари во март зголемени основните трошоци на едно семејство

Просечната плата не ги покрива - Работник
225views

Сојузот на синдикати на Македонија повеќепати досега бараше зголемување на минималната плата за 60 проценти од просечната, а согласно тоа, да се изврши и скалесто зголемување кај останатите плати.

Последното усогласување на минималната плата беше направено во март годинава и од овој месец таа ќе изнесува 15.194 денари. Синдикатите реагираа на ова усогласување на минималната плата, несогласувајќи се околу реалниот пораст на БДП кој е еден од трите параметри за усогласување.

– Претставниците на Владата и работодавачите сметаа дека реалниот пораст на бруто домашниот производ може да биде и во минус, односно, иако Законот за минимална плата укажува на користење на терминот пораст, за претставниците од МТСП, Министерството за економија, Министерство за финансии и работодавачите истиот како таков во минус мора да се земе во пресметката – иако тоа никаде не е напишано во Законот за минималната плата и со тоа на таков начин усогласувањето на минималната плата по нивните пресметки ќе биде пониско за 211,00 денари и истата ќе изнесува околу 15.190,00 денари, информираа тогаш од ССМ.

Од Владата, пак, оценија дека се работи за позитивно решение донесено во услови на криза. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи неодамна изјави дека направен е исчекор во време на криза и зголемена е минималната плата за 1,7 проценти.

– Не можеме само заради политички поени да ги занемариме критериумите, кога истите се пропишани со Закон. Имавме различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата, каде стои дека минималната плата се усогласува според процентот на зголемен пораст на бруто домашниот производ. Синдикатите ценат дека БДП може да биде само позитивен, а ние тврдиме дека реалниот раст на БДП којшто ДЗС го дава како податок, може да биде и позитивен и негативен. Ние имавме негативна стапка на раст минатата година, за жал, од минус 4,5 проценти и тука беше разликата на толкувањето. Синдикатите велеа дека  треба да земеме 0 како единица за реалниот раст на БДП, но факт е дека имаме официјален податок за БДП од Државниот завод за статистика, изјави неодамна Битиќи.