„Работникот зема 25,000, политичарот 200,000“: Просечната плата во декември 39 998 денари
Време за читање помалку од минута
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16. 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.
5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27. 1 %) и Градежништво (21. 8 %). Просечната бруто-плата во декември 2023 година, изнесувала 60 036 денари.
Latest posts by Редакција (see all)