МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Работниците постари од 64 години одат во пензија до 31 декмеври 2021

Работниците постари од 64 години - Работник
1.77Kviews

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи влезе во Собранието, според кој сите работници, освен докторите од јавното секундарно здравство и професорите од високото образование, постари од 64 години ќе мора да се пензионираат до 31 декември 2021.

За поднесените изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2020 година се применуваат одредбите од Законот за работните односи. Договорот за вработување од ставот 1 на овој член важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 31 декември 2021 година“, се вели во измената во членот 104 кој го регулира одењето во пензија.

Се изменува и Законот за здравствена заштита со кој здравствените работници ќе може на 64 години да го продолжат договорот и да работат до 67 години, но само во јавна здравствена установа која врши здравствена дејност на секундарно ниво, продолжувањето на договорот се врши еднаш годишно, а потпис ќе треба да стави и министерот за здравство.

Се менува и Законот за високо образование каде што професорите исто така ќе можат да одат во пензија на 67 години, со годишно продолжување на договорот од управителот на високообразовната установа.

Ќе има промени и во членот 174 од Законот за внатрешни работи каде што досега постои можност работник на Министерството за внатрешни работи да поднесе писмена изјава за да му се продолжи договорот за вработување и да работи најмногу до навршување на 45 години пензиски стаж, без оглед на неговите години на возраст.

Сега се предлага да се укине можноста за поднесување на такви писмени изјави и на тој начин работникот задолжително ќе се пензионира со навршување на 40 години пензиски стаж без постоење на законска можност за продолжување.