- Advertisement -
ИнтервјуаМакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Работодавателите ги злоупотребуваат договорите на определено време: Дел не ги исплаќаат субвенциите за плати

Работодавателите ги злоупотребуваат - Работник
155views

Претседателот на ССМ Дарко Димовски во интервју за РСЕ говори за проблемите со кои се соочуваат работниците во време на кризата и покрај помошта од државата.

И покрај ветувањето на тие работодавачи дека ќе ги дадат субвенции за првите месеци од кризата, кога ни беше најтешко, баш напротив, се кријат, не креваат телефони и немаат абер да го направат тоа, вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Од почетокот на ковид – кризата, работниците најмногу се жалат дека добиваат договори на определено време, кои како што вели првиот синдикалец се злоупотребуваат од работодавалите, бидејќи тие може да се склучуваат најмногу до пет години. Димовски вели дека за да се спречи ова мора да се смени Законот за работни односи на што веќе се работи.

Од останатите злоупотреби, Димовски ја посочува онаа поврзана со субвенционирањето на платите, кое државата го дава за да ја помогне фирмата во услови на криза.

Еден вид на злоупотреба е што на работниците им се даваат само тие 14 500 денари како плата, иако Димовски објаснува дека работниците треба останатиот дел од платата според договорот што го потпишале да го добијат од фирмата.

Друг вид на злоупотреба е што некои работодавачи не го исплаќаат ниту овој дел од субвенциите. При обидите тимот од правници од ССМ да разговара со нив, тие или се кријат, не одговараат на телефон.

Целото интервју може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Извор: Лидер