- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Реакција на Левица за покачените трошоци на земјоделците

Левица - Работник
319views

Државниот завод за статистика на Македонија објави дека Индексот на цените во земјоделието кај инпутот за мај 2021 година е зголемен за 11,4% во однос на истиот период лани, мај 2020 година, а додека кај аутпутот е намален за 0,4% за истиот период.

Ова значи дека трошоците, односно инвестициите на земјоделците за производство на одреден производ им се зголемени за 11,4%, а тие трошоци се зголемени цени за семиња, ѓубрива, гориво и други параметри, додека цената на чинење на земјоделскиот производ на пазарот е намалена за 0,4%. Намалените цени се однесуваат скоро на сите земјоделски производи.

Оваа состојба е показател дека владата на СДСМ – ДУИ нема стратегија за развој и одржување на земјоделскиот сектор, немаат долгорочна аграрна политика и со нивните погрешни чекори го загрозуваат опстанокот на земјоделците и производството на храна.Зголемените трошоци во земјоделието доведуваат до постепено осиромашување и на така сиромашниот и измачениот земјоделец, кое во иднина ќе доведе до намалување на производството на домашна храна, а за сметка на тоа зголемување на увезената и сомнителна храна.