Рекордно ниски цени: За една недела 5 денари поевтино гориво – од полноќ нови цени на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика денеска попладне ќе ги објави новите цени на нафтените деривати по редовната седница која што ја одржуваат секој понеделник. Новите цени ќе стапат на сила по полноќ. Покрај редовната седница во понеделник, регулаторот со последните измени може да ги менува цените и тогаш кога ќе се создадат услови за тоа, како на пример минатата недела кога практично РКЕ секој ден одржуваше седници и дополнително ги намалуваше цените, поради значителното намалување на цената на суровата нафта на светските берзи. Па така само минатата недела цената и на бензинот и на дизелот се намали за по 5 денари за литар.
Во моментов литар бензин чини 71,5 денари додека дизелот се продава по 64,5 денари за 1 литар.
Историски гледано, ова се најниските цени на нафтените деривати кои сме ги имале во последните 5 години.
На светските берзи, само од почетокот на април, барел нафта од типот „брент“ стана поевтин за 10 долари, достигнувајќи го минимумот од нешто над 60 долари за барел во пресрет на викендот.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025